British Council Macedonia

За испитот ИЕЛТС

ПАТ ДО ИЕЛТС (IELTS)

ПОДГОТВИТЕЛЕН КУРС

„Пат до ИЕЛТС“ претставува самостојно учење, онлајн подготвителен курс за испитот ИЕЛТС. Напишан е од Британскиот совет ексклузивно за кандидатите кои го полагаат испитот во Британскиот совет и ви се нуди бесплатно!

Курсот се состои од 3 тематски единици (30 блок - часови) кои ротираат квартално. Ова значи дека доколку е потребно повторно да го полагате испитот во друг квартал ќе добиете сосема нови материјали.  

Со овој испит се тестираат сите четири способности (слушање, читање, пишување и зборување). Можете да ги видите вашите поени за секоја вежба и да добиете брз повратен одговор: предлози и совети за подобрување на вашите способности. Можете да ги тестирате вашите степен на знаење и напредок! Како и да е, ве молиме да земете предвид дека поените кои ги добивате за вежбите пред испитот не се директно поврзани со поените кои ќе ги добиете на испитот ИЕЛТС.

Задачите за слушање се вежбаат во иста временска рамка како и за време на вистинскиот испит.
Текстовите за читање се автентични како и на вистинскиот испит.
Техниките 1 и 2 на задачите за пишување сега се решаваат поедноставено со кликнување!
Делот за зборување ве води низ секоја фаза на тестот, при што ви се дадени можности да анализирате различни техники на интервју.

Ќе се здобиете со вокабулар за областите кои вообичаено се користат во сите 4 делови на испитот.

Постојат две одделни верзии - академска и општа обука.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ „ПАТ ДО ИЕЛТС“?

Наменет е за ученици како и за наставниците кои подготвуваат ученици за испитот ИЕЛТС.

КАКО ДА ПРИСТАПАМ ДО МАТЕРИЈАЛИТЕ?

Ќе ги добиете вашите акредитиви за логирање (корисничко име и лозинка) веднаш штом се регистрирате онлајн и платите за испитот.

Ќе ги користите вашите детали за да се логирате на онлајн порталот „ Пат до ИЕЛТС“. Штом пристапите, од вас ќе се бара

1. Да создадете сопствена информација за логирање,

2. Да го внесете датумот на Вашето писмено тестирање.

Доколку ја заборавите вашата лозинка, повторно логирате се на порталот и побарајте ја лозинката која ќе ви биде испратена автоматски. Сепак, вашето корисничко име за логирање останува исто, односно не може да се промени.

Ве молиме земете предвид дека пристапот до материјалите ќе биде прекинат 1 недела по датумот на одржување на испитот. Доколку сакате повторно да ги користите материјалите, за жал, ќе мора повторно да ја платите целата сума за испитот.

ОСТАНАТИ РЕСУРСИ НА БРИТАНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПОДГОТОВКА

Исто така ви препорачуваме да се регистрирате за нашата месечна презентација на ИЕЛТС совети и предлози и да ги купите официјалните ИЕЛТС материјали за подготовка.

DCSIMG
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.

© British Council

Text Only Options

Top of page


Text Only Options

Open the original version of this page.

Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.