British Council Macedonia

Британско катче - Скопје

Британско катче - Струмица

Регистрирајте се на нашите бесплатни електрoнски билтени

Ресурсен центар

Нашиот Ресурсен центар нуди пристап до печатени и електронски материјали за испитни кандидати и за професионалци по англиски јазик.

Во Ресурсниот центар организираме образовни консултации, презентации, работилници, семинари и други активности поврзани со проектите и услугите на Британски совет.

Ресурси

Подготвителни материјали за испити на Кембриџ:

IELTS,
PET,
FCE,
CAE,
CPE,
BEC,
ILEC.

Материјали за професионалци по англиски јазик:

Лингвистика,
настава по англиски јазик,
курсеви по англиски јазик (основно ниво, средно ниво и курсеви за возрасни),
книги за наставници,
англиски јазик за посебни намени,
ДВД материјали за обука на наставници.

Типови на членство и членарина
Тип на членство Времетраење Члeнарина
Индивидуално Шест месеци 500 денари
Институционално Шест месеци 1000 денари

Индивидуалното членство важи за испитни кандидати и наставници по англиски јазик.

Институционалното членство важи за наставници и професионалци по англиски јазик од основни и средни училишта, универзитети и приватни јазични училишта. Овој тип членство дозволува три лица од истата институција да изнајмуваат материјали. При зачленувањето треба да се поднесе список со име и број на лична карта на секој од корисниците.

ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ НАШИТЕ ПРАВИЛА

Зачленување
За да се зачлените треба да пополните пријава и да извршите уплата, во кеш во нашето работно време или преку банка (сметка на Британскиот совет: 300000001838574 во Комерцијална банка).
Користење на материјали
Изнајмување: две копии за период од две недели, без можност за продолжување.
Пристап до сите материјали во работните часови на центарот.

Работно време
Понеделник, среда и петок 14.00 – 16.00 h
Бул. Гоце Делчев, 6
поштенски фах 562, Скопје
T. +389 (0)2 3135 035
Ф. +389 (0)2 3135 036

Е-пошта info@britishcouncil.org.mk

Во овие работни часови ќе може да добиете повеќе информации за испити.

DCSIMG
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.

© British Council

Text Only Options

Top of page


Text Only Options

Open the original version of this page.

Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.