British Council Macedonia

IELTS

IELTS

IELTS Tips & Hints работилница

Од сега ќе можете да се подготвите за испитот ИЕЛТС преку работилницата  Tips & Hints која ја организира Британскиот совет и така да постигнете подобар резултат. На оваа работилница ќе се запознаете со структурата и содржината на испитот, како за академската така и за општата верзија од тестот фокусирајќи се на техниките на полагање на испитот за сите четири дела.

Кои се датумите и локациите на работилниците?

14 јануари 2012 - Скопје
11 февруари 2012 - Скопје
3 март 2012 - Битола и Струмица
24 март 2012 - Скопје
21 април 2012 - Скопје
23 јуни 2012 - Скопје
15 септември 2012 - Скопје
20 октомври 2012 - Скопје
10 ноември 2012 - Скопје
1 декември 2012 - Битола

Краток опис на работилницата IELTS Tips & Hints

Предавач: искусни вработени во Британски совет или локален координатор на Британски совет
Информации за форматот на тестот и видот на прашања
Подготвителни материјали од Британски совет
Совети за подготовка на испитот
Совети за постигнување на подобри резултати на испитот
Идентификација на типични и чести грешки
Траење: 4 часа
Пауза за кафе

Од што се состои работилницата?

Преглед на целиот испит
Делот слушање
Делот читање
Делот пишување
Делот говорење
Прашања

Која е цената на работилницата?

Цената на работилницата која трае 4 часа е 1000 денари (сметка на Британскиот совет: 300000001838574 во Комерцијална банка).

Како може да се пријавам за работилницата?

Потребно е да пополните пријава и да ни ја испратите по е-маил, факс (+389 2 3135 036) или да ја донесете во нашите простории (понеделник, среда или петок од 14 до 16 часот).

DCSIMG
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.

© British Council

Text Only Options

Top of page


Text Only Options

Open the original version of this page.

Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.