Ако сте наставник по англиски јазик кој има желба да ги надгради своите вештини или пак сте во потрага по нови идеи и искуства, нашите курсеви се многу интересни и практични. Посетете не и дознајте повеќе!
пРЕДАВАЊЕ НА УчЕНИЦИ ОД 5 – 12 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА
Обуката особено е наменета за:
Наставници по англиски јазик кои работат со оваа возраст во државниот и приватниот сектор и кои сакаат да се усовршат во наставатаКАКО СЕ СПРОВЕДУВА ОБУКАТА
Обуката се состои од три практични работилници кои ги води искусен ментор. Истиот ќе ви пружи поддршка за време на работилниците.
За време на обуката, учесниците ќе треба да сработат задачи поставени од менторот, да дискутираат на одредени теми со другите учесници и да се осврнат на искуствата кои произлегуваат од нивните часови.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА
Обуката ќе се спроведе во текот на април и мај, почнувајќи од 28 април 2012 во просториите на Британски совет во Скопје.
ТЕМИ
1. Предавање на ученици од 5 – 12 годишна возраст (3 - 4 часовни работилници) на следниве теми:
Работилница 1 Предавање на ученици на возраст од 6 – 12 год – Во што е разликата?
Оваа работилница се фокусира на развојните карактеристики на учениците од 6 – 12 годишна возраст.
Работилница 2 Како да предавате вештини, вокабулар и граматика
Втората работилница разгледува како на учениците да им помогнеме полесно да го учат јазикот. Покрај вештините, акцент е ставен и на користење игри, песни и приказни во наставниот процес.
Работилница 3 Менаџмент и оценување
Во оваа работилница ги разгледуваме аспектите за тоа како учениците треба да бидат вклучени во процесот на учење. Истовремено, се фокусираме и на видови, методи и инструменти за нивно оценување.
РАСПОРЕД
Сите сесии траат од 10 – 14 часот.
Сесија 1 Сесија 2 Сесија 3 Надомест за обукатаКАКО И КОГА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ
Ако сакате да бидете дел од оваа обука, прво пополнете ја пријавата.
Потоа уплатете ги средствата на следниов начин:
Преку банка
Надоместот за обуката треба да го уплатите на жиро сметка на Британски совет (видете подолу).
Потоа испратете ни е-маил со кој ќе ја потврдите уплатата.
Жиро сметка на Британски совет:
Комерцијална банка
Жиро сметка: 300000001838574
Испратете ги вашите пријави најдоцна до 29 април 2012 год. на elt@britishcouncil.org.mk
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Учесниците ќе бидат селектирани според квалификациите и според редоследот на пријавување.Open the original version of this page.
Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.