Од сега ќе можете да се подготвите за испитот ИЕЛТС преку работилницата Tips & Hints која ја организира Британскиот совет и така да постигнете подобар резултат. На оваа работилница ќе се запознаете со структурата и содржината на испитот, како за академската така и за општата верзија од тестот фокусирајќи се на техниките на полагање на испитот за сите четири дела.
Кои се датумите и локациите на работилниците?
14 јануари 2012 - СкопјеКраток опис на работилницата IELTS Tips & Hints
Предавач: искусни вработени во Британски совет или локален координатор на Британски советОд што се состои работилницата?
Преглед на целиот испитКоја е цената на работилницата?
Цената на работилницата која трае 4 часа е 1000 денари (сметка на Британскиот совет: 300000001838574 во Комерцијална банка).
Како може да се пријавам за работилницата?
Потребно е да пополните пријава и да ни ја испратите по е-маил, факс (+389 2 3135 036) или да ја донесете во нашите простории (понеделник, среда или петок од 14 до 16 часот).
Open the original version of this page.
Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.