Без разлика дали сакате да учите надвор од вашата земја, да ја продлабочите вашата кариера или едноставно да го подобрите вашето познавање на англискиот јазик, можеме да ви помогнеме да се стекнете со квалификациите што ви се потребни. Ви нудиме низа акредитирани испити на Обединетото Кралство.
Нудиме одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со испитите што ги спроведуваме. Ако не можете да го најдете одговорот на вашето прашање тука, прочитајте низ материјалите за испитите или пратете ни прашање по електронска пошта.
ДАЛИ ТРЕБА ДА ПОСЕТУВАМ КУРС АКО САКАМ ДА ПОЛАГАМ ESOL ИСПИТ ИЛИ IELTS?
ESOL Потврдите за резултатите на Кембриџ се испраќаат два месеци по одржување на испитот. Кандидатите може, исто така, да ги проверат своите резултати на интернет кога истите ќе бидат објавени од Кембриџ ESOL. Сертификатите се издаваат на кандидатите што положиле во рок од 1.5 месеци од објавувањето на потврдите со резултати на официјална церемонија организирана од Британскиот совет. Ако кандидатот не може да дојде на церемонијата, сертификатот може да го земе од Британскиот совет.
Ако го загубите својот Кембриџ ESOL сертификат, можете да побарате Заверена потврда за резултатите за која треба да платите дополнителен надомест.
IELTS е специфициран за исполнување на условите за познавање на англискиот јазик за запишување на академски студии во поголемиот број институции и високото образование во Австралија, Ирска, Нов Зеланд, Јужна Африка и Обединетото Кралство и во моментот признат е од над 380 универзитети и колеџи во САД. Можете да пребарувате по IELTS базата на податоци на системот за глобално признавање, според институции или според бодувања.
Кембриџ ESOL испитите се признаваат од илјадници работодавачи, универзитети и колеџи, професионални тела и министерства и владини организации ширум светот. На страницата на Кембриџ ESOL. можете да најдете список на организации што ги користат Кембриџ ESOL испитите.
Ако планирате да учите, ви препорачуваме да се консултирате со вашиот универзитет за тоа кој тест ви е потребен.
Датумите за писмените делови од Кембриџ ESOL испитите (FCE, CAE, CPE и BEC) – делови 1, 2 и 3 се однапред определени од Универзитетот Кембриџ. Тие се фиксни и не може да се менуваат. Датумите за деловите Слушање и Пишување за FCE, CAE, CPE и BEC ги утврдува Британскиот совет.
Можеме да прифатиме навремени барања за промени, единствено за сериозни и оправдани причини, под услов да има слободно време на датумите кога се полагаат деловите Слушање и зборување. Ако кандидатот има проблеми со датумот за делот Слушање/Зборување, тој/таа мора веднаш да го извести Британскиот совет.
Тим високообучени испитувачи ги оценуваат тестовите.
Писмениот дел на тестот го оценуваат испитувачи во Кембриџ, а делот Зборување го оценуваат локални испитувачи на Кембриџ ESOL. Сите испитувачи поминуваат строг процес на селекција и темелна обука. Исто така тие редовно се координираат за да осигурат дека оценувањето е според утврдените стандардите. Сите оценки се проверуваат два пати за да се елиминира можноста за грешка. Одреден процент испити се оценуваат и по трет пат од Водачот на испитувачкиот тим во Кембриџ.
Тестовите се подготвуваат и се испраќаат од страна на Cambridge ESOL и се исти за цел свет.
IELTS има строг, квалитетен систем за прегледување/оценување на секој IELTS тест.
Оценување на деловите слушање и читање
Секој тест од делот слушање и читање се прегледува од 2 обучени IELTS испитувачи и според табела на одговори која е подготвена и испратена од страна на Cambridge ESOL. Како што може да се види, нема можност за субјективност или грешка. Кандидатите треба да внимаваат кога ги пишуваат одговорите во делот слушање и читање, бидејќи се казнуваат погрешно напишаните зборови. Се прифаќа и британскиот и американскиот спелинг. Ако од кандидатот се бара да одговори користејќи одредени зборови и/или броеви, истите ќе бидат казнети ако го надминат или неисполнат овој услов. Во прашањата каде што од кандидатите се очекува да пополнат празно место, кандидатите треба само да го стават зборот што недостасува во листот за одговори. Кандидатите треба внимателно да ги прочитаат и следат упатствата и прашањата. Особено во делот Слушање, треба да внимаваат кога ги пишуваат одговорите во листот за одговори.
Оценување на деловите пишување и говор
Прегледувањето на делот пишување и интервјуата за оценување на говорот се прават од страна на обучени испитувачи кои се придржуваат на стандардни правила. Испитувачите поседуваат соодветна квалификација и се сертифицирани од страна на Cambridge ESOL. Секој испитувач се тестира на секои 2 години со цел да го задржи сертификатот.
Оценката за говорот и пишувањето е сума од 8 оценки кои се внесуваат во соодветен софтвер, кој потоа генерира една оценка. Интервјуата се снимаат со цел да се овозможи интервјуто да биде повторно оценето доколку има потреба и да се потврди дека испитувачот ги следи правилата за време на интервјуто.
Со ваква ригорозна процедура, се одржува стандардот на оценување на тестот во цел свет. Има вградени механизми во администрацијата на тестот, кои гарантираат дека секој кандидат што има разлика во деловите од тестот поголема од 2 (што би значело нерамномерно знаење), се преоценуваат пред да биде резултатот направен, и се вршат корекции, според друг клуч за внесување на ре-оценети резултати.
Доколку кандидатот не е задоволен од добиената оценка, може да побара повторно прегледување на тестот, кое се врши во Cambridge ESOL. Кандидатот може да побара повторно прегледување на одредени делови од тестот или на целиот тест, во рок од 6 недели од денот на тестирање и таа услуга се наплаќа 5500 денари. Процедурата трае и до 6 недели и доколку кандидатот добие повисока оценка, парите му се враќаат во целост, а се издава и нов резултат.
Open the original version of this page.
Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.