Квалификации признати меѓународно
Испитите - Англиски како странски јазик – ЕФЛ ви помагаат да го користите англискиот јазик во секојдневна комуникација. Доколку сакате да ги подобрите вашите изгледи за вработување, барате дополнително образование или се подготвувате да патувате или живеете во странство, еден од следните испити би бил вистинското решение за вас.
Mеѓународно признати дипломи што укажуваат на нивото на познавање на јазикот;
признаени oд страна на универзитетите, работодавците и националните органи во многу земји;
испити што ги полагаат над 2 милиона луѓе секоја година во целиот свет;
во повеќе од 130 земји;
се полагаат во Македонија, а се оценуваат во Обединетото Кралство
имаат трајна важност.
НОВИ КНИГИ – ВРВНИ СОВЕТИ ЗА ЕФ-СИ-И И СИ-ЕЈ-И
Овие книги, напишани од испитувачи на Кембриџ ЕСОЛ, на кандидатите им нудат есенцијални совети за секој од петте дела на испитот. Форматот А5 е лесен за употреба. Кандидатите може да работат според книгата и потоа да го проверат наученото со испитот кој се наоѓа на придружното це-де (вклучен е и делот од испитот ‘Слушање на разговор’ и одговорите на целиот испит).
Книгата може да ја подигнете од нашиот ресурсен центар со копија од уплатница за платен надомест од 600 денари (сметка на Британскиот совет: 300000001838574 во Комерцијална банка). За повеќе информации контактирајте не.
ТИПОВИ ИСПИТИ
Испитите ЕСОЛ на Кембриџ вклучуваат специјализирани испити за деловни и академски цели. Се тестираат сите четири области на владеење на јазикот (зборување, слушање, читање и пишување), насочувајќи се кон вашата способност за ефикасно комуницирање на англиски јазик.
Повеќе информации за овие испити може да најдете на Интернет-страницата Kембриџ ЕСОЛ.
ОПШТИ ИСПИТИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Испитите по англиски јазик за најмлади (YLE) на Универзитетот во Кеммриџ ЕСОЛ се наменети за деца од 7 до 12 годишна возраст кои го
изучуваат англискиот јазик како странски јазик во основно училиште или во училиште за странски јазици.
Сите овие испити се внимателно дизајнирани за да бидат колку што е можно по забавни и да не бидат стресни за децата. Повеќето деца ги полагаат во своето училиште и се базирани на активности кои им се познати на повеќето деца. Тестовите ги покриваат сите 4 јазични вештини – читање, пишување, слушање и разговор. Дизајнирани се за да го поттикнат позитивното искуство од учењето на јазикот (сите деца добиваат диплома).
Тестовите се достапни во 4 нивоа:
СТАРТЕРС
Ова е најниското ниво дизајнирано за деца од 7-годишна возраст кои имале околу 100 часа подготовка.
МОВЕРС
Второто ниво е дизајнирано за деца од 8 до 11 годишна возраст кои имале околу 175 часа подготовка.
ФЛАЕРС
Третото и највисоко ниво е дизајнирано за деца помегу 9 и 12 годишна возраст кои имале околу 250 часа подготовка. Нивото е еквивалентно на основниот тест по англиски јазик КЕТ и претставува чекор кон понапредните нивоа на меѓународно прифатените дипломи на Кембриџ ЕСОЛ за тинејџери и возрасни.
Оценување
Секое дете кое ќе ги полага сите 3 дела ќе добие диплома со 1 - 5 штита која покажува колку детето било успешно. На пример, детето може да добие 3 штита за читање и пишување, 4 штита за слушање и 5 штита за разговор. Минимумот кое секое дете може да го добие за сите 3 дела е диплома со по еден штит за секој дел.
Резултати
Прегледувањето на тестовите се прави во Кембриџ ЕСОЛ во рок од 2 недели по добивањето на тестовите. Децата треба да ги добијат своите дипломи во рок од 1 месец од полагањето на тестот.
Овие дипломи на Кембриџ ЕСОЛ се доживотни.
Овој испит е за кандидатитете кои може да го употребуваат пишуваниот и говорен англиски јазик на средно ниво. Слушателите кои се подготвуваат за овој испит ги продлабочуваат и подобруваат своите јазични вештини во практични секојдневни ситуации. Пи-И-Ти се состои од 3 дела: читање и пишување (90 минути), слушање (околу 30 минути) и зборување (околу 10-12 минути). Дипломата се наоѓа на нивото Б1 од јазичната рамка на Советот на Европа.
Слушателите на ова ниво може да очекуваат да бидат во можност да работат или студираат во англиско говорно подрачје и да се снаоѓаат како туристи во земја каде што се зборува англиски јазик. Оваа диплома е доста прифатена за комерцијални или прелиминарни академски цели, како во Обединетото Кралство, така и во светот. Еф-Си-И се состои од пет дела: читање (60 минути), пишување (80 минути), англиски јазик во употреба (45 минути), слушање (околу 40 минути) и зборување (околу 14 минути). Дипломите се доделуваат на успешни кандидати со оценки А, В и С.
На ова ниво се очекува од слушателите самоуверено да се снаоѓаат во повеќето ситуации што би произлегле во земја во која се зборува англискиот јазик - социјални, професионални или во високото образование. Си-Еј-И е прифатен од речиси сите универзитети и колеџи во Британија и голем број други образовни институции во целиот свет, вклучувајќи ги и работодавците. Си-Еј-И се состои од пет дела: читање (75 минути), пишување (90 минути), англиски јазик во употреба (60 минути), слушање (околу 40 минути) и зборување (околу 15 минути). Дипломите се доделуваат на успешни кандидати со оценки А, В и С.
На ова ниво, слушателите се приближуваат до стандардот за англиски јазик како на образовано лице, кому англискиот му е мајчин јазик. ЦПЕ е прифатен од речиси сите универзитети и колеџи во Британија и од голем број други образовни институции во целиот свет, како доказ за нивото на познавање на англискиот јазик, соодветно за влез на студиите во рамки на високото образование или на постдипломски студии. Голем број работодавци го признаваат Си-Пи-И. Си-Пи-И се состои од пет дела: читање (90 минути), пишување есеј (120 минути), англиски јазик во употреба (120 минути), слушање (околу 45 минути) и интервју (околу 19 минути за секој кандидат). Дипломите се доделуваат на успешни кандидати со оценки А, В и С.
ИСПИТИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Пакет од три испита БЕК прелиминарен, БЕК среден и БЕК напреден, наменети за тестирање на нивото на познавање на англискиот јазик во деловен контекст. Совршена опција доколку се подготвувате за кариера во областа на деловното работење. Во Македонија ги нудиме испитите БЕК среден и БЕК напреден. БЕК среден е испит за кандидатите на средно ниво што веќе работат или се подготвуваат за работа во областа на деловното работење, од општа канцелариска работа до производство и финансиски услуги. Ова ниво одговара на Кембриџ ниво 3 (Еф-Си-И). БЕК среден се состои од 4 дела: читање (1 час), пишување (45 минути), слушање (околу 40 минути) и зборување (околу 14 минути за двајца кандидати). БЕК напреден е наменет за слушатели што се здобиле или се здобиваат со деловни и/или канцелариски квалификации. Од слушателите на ова ниво се очекува да се снаоѓаат со сложени структури и да демонстрираат познавање на побогат вокабулар. Овој испит е на напредно ниво, сличен на Кембриџ ниво 4 (Си-Еј-И). БЕК напреден се состои од 4 дела: читање (1 час), пишување (1 час и 10 минути), слушање (околу 40 минути) и зборување (околу 16 минути за двајца кандидати). Дипломите се доделуваат на успешни кандидати со оценки А, В и С.
- Тестирање на деловниот јазик (БУЛАТС)
Услугата за тестирање на деловниот јазик (БУЛАТС) е создадена со цел да го испита нивото на познавање на странскиот јазикот на вработените кои имаат потреба да користат странски јазик во нивната работа, како и за следење на јазични курсеви или на професионални/деловни курсеви каде што познавањето на странскиот јазик претставува важен елемент на курсот.
Информации за кандидатите
БУЛАТС дава точна проценка за вашето познавање на деловниот англиски јазик. Поединците можат да ги употребат резултатите како доказ за посетување на јазични, професионални или деловни курсеви или, пак, за вработување.
Информации за работодавците
БУЛАТС дава точна проценка за познавањето на деловниот англиски јазик на вашите вработени. Управителите можат да ги употребат резултатите за да ги проценат јазичните способности на потенцијалните вработени при процесот на вработување и селекција или, пак, за да изберат кои од вработените ќе посетуваат јазични, професионални или деловни курсеви.
БУЛАТС
• е лесно применлива услуга и може да биде изведена каде било и во кое било време што ù одговара на вашата компанија – во Британскиот совет или во вашите канцеларии – со минимален временски период помеѓу пријавувањето за тестирање и датумот на тестирање
• резултатите се соопштуваат брзо со цел да ви помогнат да донесете информирани одлуки во однос на тоа какво работно место да изберете или за каква обука да се пријавите
• тестира два вида на способности – слушање и читање во рок од 75 минути
• е достапна на англиски, француски и германски јазик
• се изведува на компјутери
• резултатите се темелат на Заедничката јазична рамка на Советот на Европа (ЦЕФР)
• е призната од илјада организации ширум светот
• се реализира со испитите ЕСОЛ на Универзитетот „Кембриџ“ во соработка со водечки експерти за оценување по француски, германски и шпански јазик: „Француска алијанса“ (француски јазик), Институтот „Гете“ (германски јазик) и Универзитетот во Саламанка (шпански јазик).
Можете да ја испробате демо-верзијата на тестот.
Универзитетот во Кембриџ, одделот за сертифицирање на познавањето на англискиот јазик и ACCA (Association of Chartered Certified Accountants) го подготвија испитот ICFE (International Certificate in Financial English) за познавање на англискиот јазик во областа на финансиите.
Овој испит е идеална квалификација за секој кој планира или веќе гради кариера во областа на финансиите и сметководството.
Испитот се одржува 2 пати годишно: мај и ноември. Испитот трае околу 3 часа и се состои од 4 дела: читање (75 мин), пишување (75 мин), слушање (40 мин) и говорење (16 мин).
Кандидатите кои ќе го положат испитот ќе бидат способни да го користат јазикот во практични ситуации, да учествуваат на состаноци и дискусии од областа на финансиите, јасно да ги искажуваат своите мислења и да ги разбираат финансиските документи вклучувајќи и финансиски извештаи, писма и понуди.
Дипломата е доживотна и е поставена на нивоата B2-C1 на јазична рамка на Советот на Европа. Посетете ја официјалната интернет страница на ICFE за да симнете минати тестови, аудио материјали и прирачник.
Ова е испит на Универзитетот во Кембриџ, одделот за сертифицирање на познавањето на англискиот јазик, направен во соработка со Транслигал, европска водечка фирма на правници-лингвисти.
Работодавците сакаат да бидат сигурни дека нивните вработени го познаваат англискиот јазик на ниво доволно да можат да комуницираат со клиенти и професионалци од други земји и да се справуваат со пишани информации на англиски. Од друга страна, студентите по право и правниците почетници, би сакале да им покажат на работодавците дека го познаваат англискиот јазик и се способни да работат во меѓународно правно опкружување. Ако сте вие почетник или правник кој сака да работи во меѓународен контектс, тогаш ова е вистинскиот испит за вас.
Испитот е признаен од водечките правни асоцијации.
Испитот се одржува 2 пати годишно: мај и ноември. Испитот трае околу 3 часа и се состои од 4 дела: читање (75 мин), пишување (75 мин), слушање (40 мин) и говорење (16 мин).
Кандидатите кои ќе го положат испитот ќе бидат во состојба да го користат јазикот во практични ситуации, да учествуваат на состаноци и дискусии од областа на правото, јасно да ги искажуваат своите мислења и да разбираат извештаи, писма и понуди.
Дипломата е доживотна и е поставена на нивоата B2-C1 на јазична рамка на Советот на Европа. Минати тестови, аудио материјали и прирачник може да симнете од официјалната интернет страница на ILEC.
НАДОМЕСТОК ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ЕСОЛ НА КЕМБРИЏ
ИСПИТ ЦЕНА ВО ДЕНАРИ
Англиски за најмлади (Young Learners English-Starters) 1,800
Англиски за најмлади (Young Learners English-Movers) 2,000
Англиски за најмлади (Young Learners English-Flyers) 2,100
Основен тест по англиски јазик (КET) 3,800
Прелиминарен тест по англиски јазик (PET) за училишта 4,000
Прелиминарен тест по англиски јазик (PET) 4,000
Диплома за средно познавање на англиски јазик (FCE) 7,600
Диплома за напредно познавање на англиски јазик (CAE) 7,900
Диплома за солидно познавање на англиски јазик (CPE) 8,500
Диплома за деловен англиски јазик - средно ниво (BEC Vantage) 7,400
Диплома за деловен англиски јазик - напредно ниво (BEC Higher) 8,300
Меѓународна диплома по финансиски англиски јазик (ICFE) 8,600
Меѓународна диплома по англиски јазик за правници (ILEC) 11,600
ДАТУМИ НА ИСПИТИТЕ И РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
ФЕВРУАРСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Краен рок за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 10 февруари 4 - 12 февруари 27 јануари
МАРТОВСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Период за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 28 март 24 март - 1 април до 14 март
Еф-Си-И 10 март 24 февруари - 11 март 16 - 23 јануари
Си-Еј-И 17 март 2 - 18 март 16 - 23 јануари
Си-Пи-И 10 март 24 февруари - 11 март 16 - 23 јануари
АПРИЛСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Краен рок за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 26 април 21 - 29 април 9 април
МАЈСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Период за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 24 мај 19 - 27 мај до 7 мај
Еф-Си-И 19 мај 4 - 20 мај 26 март - 2 април
Си-Еј-И 13 мај 4 - 13 мај 26 март - 2 април
Си-Пи-И 12 мај 4 - 13 мај 26 март - 2 април
ИЛЕК 12 мај 4 - 14 мај 26 март - 2 април
ИКФЕ 12 мај 4 - 14 мај 26 март - 2 април
ЈУНСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Период за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 23 јуни 16 - 24 јуни до 1 јуни
Пи-И-Ти 1 јуни 25 мај - 4 јуни 2 - 12 април
Еф-Си-И 9 и 12 јуни 25 мај - 17 јуни 2 - 12 април
Си-Еј-И 13 јуни 25 мај - 17 јуни 2 - 12 април
Си-Пи-И 14 јуни 25 мај - 17 јуни 2 - 12 април
БЕК Средно ниво 7 јуни 1 - 11 јуни 2 - 12 април
ЈУЛСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Краен рок за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 6 јули 30 јуни - 8 јули 18 јуни
Компјутеризиран Еф-Си-И 16 јули 9 - 17 јули 27 јуни - 1 јули
СЕПТЕМВРИСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Краен рок за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 14 септември 8 - 16 септември до 3 септември
ОКТОМВРИСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Краен рок за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 26 октомври 20 - 28 октомври до 8 октомври
НОЕМВРИСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Краен рок за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 22 ноември 17 - 25 ноември до 5 ноември
ИЛЕК 17 ноември 9 - 19 ноември 8 - 15 октомври
ИКФЕ 17 ноември 11 - 21 ноември 8 - 15 октомври
ДЕКЕМВРИСКА СЕСИЈА 2012
Испит
Датум
Период за дел разговор
Период за пријавување
Компјутеризиран Kи-И-Tи 8 декември 1 - 9 декември до 19 ноември
Пи-И-Ти 7 декември 30 ноември - 10 декември 8 - 15 октомври
Еф-Си-И 8 декември 16 ноември - 9 декември 8 - 15 октомври
Си-Еј-И 2 декември 23 ноември - 2 декември 8 - 15 октомври
Си-Пи-И 1 декември 16 ноември - 9 декември 8 - 15 октомври
БЕК средно ниво 1 декември 9 ноември - 3 декември 8 - 15 октомври
Ве молиме да ја доставите потпишаната пријава за испитот Ки-И-Ти или пријава за сите други испити на Кембриџ ЕСОЛ заедно со копија од уплатница, лично, по електронска пошта, по факс (02/3135 036) или оставете ја во сандачето што се наоѓа до влезната врата на Британскиот совет.
Ако посетувате подготвителен курс во некое од училиштата за странски јазици, пријавувањето може да го направите преку самото училишт
е.
УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
За одржување на секој испит, потребно е да се пријават најмалку 4 кандидати. Го задржуваме правото да го откажеме одржувањето на испитот доколку не е исполнет минималниот услов.
Датумите за деловите 1,2,3 и 4 се дефинирани од страна на Универзитетот во Кембриџ ЕСОЛ и не може да се сменат.
Задоцнети пријави нема да се прифаќаат, освен во посебни околности за што се наплаќа и дополнителна сума.
Кога еднаш ќе се регистрирате, нема да бидете во можност да го одложите вашето полагање за некоја следна сесија или пак да го замените испитот со некој друг.
Пријавените кандидати ќе добијат потврда за упис (Statement of Entry) и информација (Notice to Candidates) со сите детали за времето и местото на полагање барем 2 седмици пред датумот на полагање. Ако не ја добијат потврдата за упис, кандидатите треба веднаш да не контактираат.
Уплатата не може да му биде вратена на кандидатот во случај на неположување на испитот или доколку кандидатот се откаже од полагање. Доколку кандидатот не е во можност да ги полага сите делови на испитот поради болест, може да побара повраток на 80% од средствата. Ако кандидатот не е во можност да ги полага писемните делови поради болест, може да побара повраток на 50% од средствата. И во двата случаи, кандидатот треба да достави медицинска потврда (на англиски или со превод на англиски) најдоцна 5 дена од денот на полагање.
Ако кандидатот има траен или долгорочен инвалидитет, Кембриџ ЕСОЛ е во можност да пружи соодветни услови за таквите кандидати доколку нашиот центар ја достави пријавата на кандидатот до Кембриџ ЕСОЛ барем 6 месеци пред датумот на полагање, со приложување на медицинска потврда.
Кандидатите ќе може да ги проверат своите резултати на интернет околу 8 седмици по полагањето. Дипломите се издаваат на кандидатите кои ќе положат, преку Британски совет, околу 6-8 седмици по објавувањето на резултатите. Информација за тоа кога ќе може кандидатите да ги подигнат своите дипломи, ќе добијат по електронска пошта. Доколку кандидатите се пријават преку училиште, оваа информација ќе ја добијат од училиштето. Поради важноста на дипломите, ќе биде побарано кандидатите и училиштата лично да ги подигнат дипломите.
Кандидатите не може да ги видат своите тестови по ниеден основ, бидејќи тие се сопственост на Кембриџ ЕСОЛ. Кандидатите може да побараат проверка на резултатот, која услуга се наплаќа. Повеќе информации.
Ако кандидатот ја загуби или уништи својата диплома, може да побара препис на дипломата (Certified Statement of Results), која услуга се наплаќа. Не е возможно издавање на дупликати, бидејќи ова се доживотни дипломи.
ИЗЗЕМАЊЕ
Британскиот совет и испитната комисија ги преземаат сите разумни чекори за да обезбедат континуитет во услугата. Меѓутоа, сигурни сме дека ќе разберете дека не можеме да преземеме одговорност за какви било прекинувања предизвикани од околностите надвор од наша контрола. Доколку дојде до прекинување, откажување или доцнење со испитите и резултатите од нив, ќе направиме сè што е во наша можност за да продолжиме со нормално обезбедување на услугата што е можно побрзо. Обврската на Британскиот совет ќе биде ограничена на поврат на надоместокот за пријавување или на повторно тестирање на некој следен датум.
ИНФОРМАЦИИ ЗА АДМИНИСТРАТОРИТЕ НА УЧИЛИШТАТА
Прочитајте ги спецификациите за испитите Еф-Си-И и Си-Еј-И и билтенот за промените. Документите се достапни и на Интернет - страницата на Кембриџ.
Доколку вашето училиште сака да ги пријави слушателите за кој било од испитите ЕСОЛ на Кембриџ, може да го направите тоа во терминот за пријавување преку пополнување на уписен формулар за училишта.
Контактирајте не и ние ќе ви ги испратиме сите неопходни информации и формулари.
Што треба да знаат вашите студенти?
Дека датумите за полагање на испитите се фиксни и не може да се променат;
Дека не може да се направи префрлање од еден испит на друг или од една сесија во друга;
Уcловите и правилата;
Дека мора да пристигнат на време за секој дел од испитот - кандидатите што ќе задоцнат може да не бидат примени.
Дека со себе треба да ги понесат само потребните материјали: документ за идентификација (лична карта или патна исправа), пенкало, молив и гума, потврда за пријавување - не е дозволено носење на речници.
Дека сите одговори мора да бидат пренесени на листот со одговори во дозволениот рок - не е дозволено дополнително време и нема да се прават исклучоци.
Мора да знаат дека некои делови се пополнуваат со пенкало, а други со молив
Мора да го разберат и да бидат запознаени со известувањето за кандидатите, кое се доставува заедно со потврдата за пријавување.
Мора внимателно да ги слушаат и да се придржуваат до упатствата на лицето што го следи испитот на денот на одржување на испитот.
Треба да бидат запознаени и со процедурите на Кембриџ за нессодветно однесување.
Што треба Вие да знаете?
Откако ќе ги соберете надоместоците од вашите студенти, уплатете ги на нашата сметка 300000001838574 во Комерцијална банка;
Испратете ни го уписниот формулар до крајниот рок, заедно со копија од платниот налог.
Ги нудиме следниве услуги за вашите наставници:
- семинари за наставници;
- подготвителни материјали за испитите во нашата библиотека (прирачници, претходни тестови, курсеви и книги).
Посетете ја Интернет-страницата Ресурси за предавање на Кемриџ ЕСОЛ.
------
Погледнете ја презентацијата прикажана на семинарот за наставници по општ англиски јазик.
ПО ПРИЈАВУВАЊЕТО
По успешното пријавување, ќе добиете потврда за пријавување од нас или од јазичното училиште, најмалку две седмици пред испитот. Во потврдата за пријавување се утврдува датумот, времето и местото на одржување на сите делови од тестот. Доколку не сте добиле потврда за пријавување, две седмици пред датумот на одржување на писмениот дел од тестот, треба веднаш да контактирате со нас или со институцијата каде што сте се пријавиле за испитите.
КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ ЗА ИСПИТ
НА ДЕНОТ НА ТЕСТИРАЊЕТО
Сите испити се одржуваат во два дена: (1) писмениот дел се состои од читање, пишување, употреба на англиски јазик и слушање и (2) зборување. Датумите за писмениот дел се утврдени од Универзитетот во Кембриџ и не може да се изменат.Ќе добиете детални информации за времето, датумот и местото на одржување на овие делови најмалку две седмици пред испитот. Внимателно прочитајте ги информациите и следете ги упатствата.
На денот на тестирањето, бидете точни и носете (важечки) документ за идентификација со фотографија (национална лична карта или патна исправа) и потврдата за пријавување.
РЕЗУЛТАТИ
Кандидатите ќе може да ги проверат своите резултати на интернет околу 8 седмици по полагањето. Дипломите се издаваат на кандидатите кои ќе положат, преку Британски совет, околу 6-8 седмици по објавувањето на резултатите. Информација за тоа кога ќе може кандидатите да ги подигнат своите дипломи, ќе добијат по електронска пошта. Доколку кандидатите се пријават преку училиште, оваа информација ќе ја добијат од училиштето. Поради важноста на дипломите, ќе биде побарано кандидатите и училиштата лично да ги подигнат дипломите.
Може да направите споредба меѓу испитите ЕСОЛ на Кембриџ со степените според Јазичната рамка на советот на Европа:
Јазичната рамка на советот на Европа Испити ЕСОЛ на Кембриџ ИЕЛТС оценки
Ниво C2 Си-Пи-И 7.5+
Ниво C1 Си-Еј-И 6.5; 7.0
Ниво B2 Еф-Си-И 5.0; 5.5; 6.0
Ниво B1 Пи-И-Ти 3.5; 4.0; 4.5;
Ниво A2 Кеј-И-Ти 3.0
Ниво A1 2.0; 1.0
КОНТАКТИ
Ни претставува задоволство што може да ви понудиме детални информации за нашите испити во следните термини: во понеделник, среда и петок од 14:00 до 16:00 часот. Контактирајте со нас доколку сакате да закажете консултација надвор од утврдените термини:
Телефон 02/3135 035 лок.2110
Факс: 02/3135 036
E-пошта: exams@britishcouncil.org.mk
Англиски за ученици и наставници
Испити по англиски јазик за британска виза
Регистрирајте се на нашиот бесплатен билтен за англиски јазик и испити
© Facebook
Испити на Кембриџ
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
.
.
.