British Council Macedonia    

Доколку сакате да се тестирате и да го развиете нивото на познавање на англискиот јазик, ние можеме да ви помогнеме. Без разлика на вашето ниво на познавање на англискиот јазик, ние нудиме различни јазични курсеви, ресурси и испити. Доколку сте наставник по англиски јазик, можеме да ви понудиме ресурси и мрежи на Интернет за поддршка на вашата работа.    

Англиски јазик       

Учење од дома    

Може да ви помогнеме да изберете од големиот број студии и квалификации во Обединетото Кралство што се достапни преку учење од далечина, вклучувајќи ГЦСЕ (GCSE), А-нивоа, шкотска диплома за завршено средно образование, додипломски студии и дипломи, магистерски студии и докторски истражувања.

Учењето од далечина ви нуди образование во Обединетото Кралство (со својот престиж и репутација) со помалку трошоци отколку за студирање на колеџ или универзитет. Повеќето од програмите се доста флексибилни и ви овозможуваат избор на темпото на работа. Барањата за влез се разликуваат во зависност од студиите, но во основа се слични на оние за конвенционалните студии.

ПРОГРАМА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЛОНДОН        

Можеме да ви помогнеме со вашата апликација за програмата за учење од далечина на универзитетот. Универзитетот во Лондон нуди додипломски и постдипломски студии за учење од дома, главно за хуманистичките и социјалните науки.

Студии за учење од далечина        

Има понуда на голем број студии за учење од далечина, така што изборот на вистинските студии за вас може да биде тежок. Нашите експерти за образование имаат избрано некои од најдобрите студии за учење од далечина за образование и бизнис-квалификации.    

Поддршка при учење од далечина        

Нашите експерти за образование имаат избрано некои од најкорисните Интернет- страници што ќе ви помогнат во вашите активности за учење од далечина. Тука ќе ги најдете најновите информации и совети од институциите што го регулираат и поддржуваат учењето од далечина во Обединетото Кралство.

Регистрирајте се на нашите бесплатни електрoнски билтени       

DCSIMG
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.   

© British Council

Text Only Options

Top of page


Text Only Options

Open the original version of this page.

Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.