Доколку размислувате за студирање од дома на Универзитетот во Лондон, можеме да ви помогнеме со аплицирањето за вашите студии. Исто така, ќе можете да ги полагате вашите испити кај нас.
Што може да студирате?
Можете да изберете од големиот број предмети на ниво на додипломски и постдипломски студии. Меѓутоа, повеќето понудени квалификации од Универзитетот во Лондон се од областа на уметноста/хуманистичките и социјалните науки.
Како да аплицирам?
Надворешната програма на Универзитетот беше воспоставена во 1858 година, со цел дипломирањето на Универзитетот во Лондон да биде достапно за студентите што, од која било причина, не можaт да посетуваат конвенционални студии на Универзитетот во Лондон.
Зошто да студирате преку учење од далечина?
Надворешната програма нуди економични решенија за студентите што не можат да студираат во странство, поради средства, време или домашни обврски. Исто така, може да продолжите со работа додека студирате, така што нема да губите плати или да имате последици по кариерата. Запишувањето и товарот на работа се утврдени на тој начин, што одговараат на вашите потреби, така што имате додадена вредност од работењето според темпото што одговара на вашиот животен стил. Доколку треба да полагате испит, тоа можете да го сторите во центар во вашата близина.
Како функционира учењето од далечина?
Учењето од далечина функционира како конвенционалното учење: вашата работа се проценува според истите стандарди и вие ќе бидете во директен контакт со вашиот колеџ и академскиот персонал. Во зависност од вашиот предмет, ќе бидете подучувани преку видеоконференции, форуми во мрежа и електронска пошта.
Кога може да аплицирам за студирање?
Иако учењето од далечина нуди флексибилен распоред, најдобро е да аплицирате во одредени временски рокови во текот на годината со цел да осигурите место на избраните студии. За повеќе информации за начинот и времето за аплицирање, може да ја посетите Интернет-страницата на Универзитетот во Лондон.
За повеќе информации или за аплицирање за студии може слободно да контактираjте со нас.
Open the original version of this page.
Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.