Учете од дома
Програма на универзитетот во Лондон
Студии за учење од далечина Поддршка при учење од далечина
Регистрирајте се на нашите бесплатни електрoнски билтени
Поддршка при учење од далечина
Врски до некои од најдобрите Интернет-страници
Нашите експерти за образование имаат избрано некои од најкорисните Интернет-страници што ќе ви помогнат во вашите активности за учење од далечина. Тука ќе ги најдете најновите информации и совети од институциите што го регулираат и поддржуваат учењето од далечина во Обединетото Кралство.
НАЦИОНАЛЕН ИНСТИТУТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИТЕ
Организација што го промовира продолжувањето на образованието на возрасните. Страниците вклучуваат детали за членарината, публикациите и настаните. Исто така, информации за проектите, вклучувајќи ги оние насочени кон загрозените групи.
ПОДДРШКА ПРИ УЧЕЊЕ
Општ список на ресурси на Интернет за поддршка на образованието, обуката, доживотното учење и планирање на кариерата. Совет за студентите и сите вклучени во образовниот процес. Вклучува календар на верски празници и информации за здравството и финансирањето.
ВКЛУЧЕНОСТ
Бесплатен каталог на ресурси за наставници, ученици, родители и старатели. Ресурсите вклучуваат публикации, софтвер, хардвер, упатство и врски до другите организации за помош на независниот живот и учење. Исто така, групи за дискусија. Ресурсите може директно да се додадат во базата на податоци.
БИЗ/ЕД
Единствена деловна и економска служба за студенти, наставници и предавачи. . Вклучува аркада на виртуелно учење, обезбедува интерактивни модели на Интернет и симулации за предавачите и студентите по економија.
ЕЛЕКТРОНСКО УЧЕЊЕ
Ресурс за педагозите и обучувачите со илјадници избрани и проверени врски до напис за електронско учење, бели документи и извештаи од истражувања; примери на решенија за електронско учење; и продавачи на содржини, технологија и услуги за електронско учење.
ИНТРАЕЛЕКТ
Нова услуга преку Интернет на Универзитетот во Единбург што нуди нова генерација на софтвер за успешно реализирање на е-учење. На страницата има вежби со примена на софтверот Интраелект.
МЕЃУНАРОДЕН ЦЕНТАР ЗА УЧЕЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА
Центар за истражување, предавање, консултации, информирање и објавување на активностите што се вршат во Отворениот универзитет.. Страницата содржи база на литература, база на податоци за институции и студии и информации за услугите на Центарот.
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
.
.