Некои од водечките студии за учење од далечина на Интернет
Има понуда на голем број студии за учење од далечина, така што изборот на вистинските студии може да биде тежок. Нашите експерти за образование имаат избрано некои од најдобрите студии за учење од далечина за образование и бизнис-квалификации. Некои од овие студии се бесплатни.
ACCADEMY.COM
Вашата Интернет-врска до доживотно учење, која обезбедува висококвалитетни решенија за задоволување на вашите поединечни цели за учење. Без разлика дали сакате да студирате за една од квалификациите АЦЦА (ACCA) или да ги развиете вашите менаџерски и професионални способности ACCAdemy.com е достапна во секое време, каде и да било во светот.
ФАТХОМ
Центар за учење на Интернет предводен од конзорциумот на универзитети и организации од Обединетото Кралство/САД. Студии и семинари на различни теми.
УЧЕТЕ ДИРЕКТНО
Главна страница на Владата на Обединетото Кралство, која нуди студии на Интернет и информации за начинот на запишување. Содржи база на студии што може да се пребарува. Вклучува општи совети и помош за возрасни ученици.
НАЦИОНАЛЕН КОЛЕЏ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ
Непрофитабилен труст насочен кон проширување на пристапот до образование на возрасни преку учење од далечина. Запишува околу 10.000 нови студенти годишно во повеќе од 140 институции и опфаќа ГЦСЕ (GCSE), A-ниво и стручни студии
МЕЃУНАРОДЕН ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА УЧЕЊЕ
Нуди услуги за флексибилна обука, личен развој и образование во целиот свет. Опфаќа голем број студии, ГЦСЕ, A-ниво и стручни студии.
ОКСФОРД - ОТВОРЕНО УЧЕЊЕ
Нуди голем број студии за A-ниво, ГЦСЕ и стручни студии. Ги опфаќа повеќето предмети за ГЦСЕ и A-ниво.
БАРАЈТЕ НА ИНТЕРНЕТ
Курсеви за креативно пишување. Вклучува електронско пишување, дизајнирање Интернет-страници, пишување за деца, работилница за креативно пишување, пишување романи, пишување патописи, пишување написи и пишување сценарија. Курсевите се насочени кон писатели-почетници.
ПОДУЧУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТНИЦИ
Нуди стотици бесплатни подучувања преку Интернет на голем број софтверски апликации.
УЧЕТЕ ДИРЕКТНО ЗА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ (БЕСПЛАТНО)
Пробни курсеви за ИКТ, бизнис/менаџмент и основни квалификации. Вклучуваат квизови и игри. Основно ниво што е корисно како за лицата на кои англискиот не им е мајчин јазик така и за оние со помалку искуство во формалното учење.
НАТРОКЕР (БЕСПЛАТНО)
Бесплатни курсеви и подучување на Интернет за софтвери и програмирање. Опфаќа ХТМЛ (HTML), графика, оперативни системи и многу други предмети.
ВЕЖбИ НА ИНТЕРНЕТ (БЕСПЛАТНО)
Ги обезбедува Катедрата за хемија при Универзитетот во Оксфорд. Вклучува софтверски апликации, ИТ и хемија. Насочени се конкретно за студентите што посетуваат студии по наука.
БИРО НА ПИСАТЕЛИ (БЕСПЛАТНО)
Нуди курсеви од дома за креативно пишување, новинарство и поезија. Вклучува неколку бесплатни лекции за пишување и маркетинг на вашата работа.
Студии за учење од далечина
Регистрирајте се на нашите бесплатни електрoнски билтени
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
.
.