Обединетото Кралство е светски лидер во подучување англиски јазик. Над 600.000 луѓе секоја година одат во Обединетото Кралство за да го научат јазикот во неговата природна средина. Зошто да не им се придружите? Во делот за најчесто поставувани прашања ќе дознаете повеќе за јазичните училишта во Обединетото Кралство, достапните курсеви и другите потребни информации. Доколку ви требаат повеќе информации, слободно контактирајте со нас.
Може да ја користите базата на податоци на English in the UK(Англиски јазик во Обединетото Кралство) на Интернет, којашто вклучува училишта за изучување на англискиот јазик што се акредитирани од Британскиот совет. Интернет-страницата вклучува функција за пребарување, така што ќе може да барате училишта, на пример, според видот на курсот и локацијата.
КОЛКУ ВО ПРОСЕК БИ ЧИНЕЛ ЕДЕН КУРС?
Тоа зависи од неколку фактори, како што се: видот, времетраењето и локацијата на курсот. На пример: општ курс по англиски јазик што вклучува 15 часа предавања во текот на една седмица и сместување со еден цел ден и половина ден екскурзија во текот на седмицата во градот Саутемптон во јужниот дел на Англија чини од 244 - 250 фунти седмично. За овој и други примери, одете на Интернет-страницата English UK.
Британскиот совет има акредитирано голем број јазични училишта во Обединетото Кралство и затоа не може да ви препорачаме само едно училиште.
Акредитиран“ значи дека училиштата редовно се предмет на инспекција со цел да се осигури дека истите ги задоволуваат стандардите за квалитет. Посетете ја Интернет-страницата Education UK ќе најдете најразлични категории за пребарување што ќе ви помогнат да го најдете јазичното училиште што им одговара на вашите потреби.
КАДЕ МОЖЕ ДА НАЈДАМ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕТНИ УЧИЛИШТА И ЛЕТНИ КАМПОВИ?
Терминот летно училиште опфаќа голем број теми. Некои летни училишта нудат само курсеви за англиски јазик, некои нудат курсеви за англиски јазик во комбинација со други активности, додека други се концентрираат само на англиска литература.
Летните кампови се наменети за млади луѓе што живеат заедно во камп или младински дом и учествуваат во спортски програми и други рекреативни активности. На следните Интернет-страници можете да најдете голем број информации за различните можности за вас или за вашето дете:
Јазични училишта акредитирани од Британскиот советOpen the original version of this page.
Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.