„Креативна соработка“ беше тригодишен проект кој се реализираше во Југоисточна Европа (ЈИЕ) и соседните земји. Проектот имаше за цел - градење мрежи на влијание за Обединетото Кралство, градење меѓукултурен дијалог и прекугранична креативна соработка и промовирање на квалитетот на уметноста и образованието од Обединетото Кралство во ЈИЕ.
ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ
Проектот генерираше резултати преку три производни линии – фонд, вмрежување и работилници за соработка:
Фонд за соработка - продукции на уметници од три или повеќе земји за изнаоѓање решенија за мобилноста на уметноста и уметниците од регионот.
Македонија беше вклучена во три проекти:
- Успешна уметност во современа средина
- Културно лоби
- Word Express.
Дознајте повеќе за другите успешни проекти финансирани од Фондот за соработка.
Вмрежување – градење и одржување мрежи за дијалог и дебата во рамките на уметничките заедници во Југоисточна Европа и Обединетото Кралство; вмрежувањето започна во Истанбул и го поддржа својот развој во наредните фази од проектот „Креативна соработка“.Простор – креативната соработка се одвиваше преку настани на отворен простор во неколку градови во регионот на Југоисточна Еврпопа:
1) ноември 2007 година – Истанбул (Турција)
Македонија беше претставена од три делегати: Искра Гешоска (Културен центар „Точка“), Билјана Тануровска (Центар за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“) и Гордана Вренцоска (Европски универзитет во Македонија). Фокусот на оваа средба беше користење на технологијата „отворен простор“.
2) мај 2008 година – Букурешт (Романија)
Нашите делегати на средбата, Бојан Каранаков и Александар Радевски, помлади професори од Факултетот за архитектура во Скопје, учествуваа во дискусијата на тема „Кој го обликува градот и за кого?“ Централни теми на оваа средба беа прашања во врска со урбанизмот и урбаниот живот.
3) мај 2008 година – Атина (Грција)
Д-р Антоанела Петковска и Константин Миноски, професори по социологија од Факултетот за социологија, учествуваа во дискусијата за темата „Вклучување на уметноста и културата во нашите општества“. Како резултат на оваа отворена средба, произлегоа неколку проектни идеи.
Open the original version of this page.
Usablenet Assistive is a UsableNet product. Usablenet Assistive Main Page.